Столтенберг: Украинците напредуваат против Русите „малку по малку“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побарал повеќе системи за противвоздушна одбрана за да се одвратат руските „напади врз енергетската инфраструктура на Украина“, кои се очекуваат во текот на зимата, пренесува АФП.

Loading...

„Генералниот секретар се согласи да вложи напори за да ни помогне да ги мобилизираме членките на НАТО“, рече Зеленски во Киев, на заедничката прес-конференција со Столтенберг.

Столтенберг изјави дека украинската контраофанзива против руската армија напредува, пренесува Бета.

„Денес вашите сили напредуваат. Пред нив се жестоки битки, но малку по малку напредуваат“, изјави Столтенберг.

„Украинците се борат за своите семејства и својата слобода“, рече генералниот секретар на НАТО, наведувајќи дека „Москва се бори за своите империјалистички илузии“.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс го посети и Киев, каде со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше за дополнителните можности за помош на Лондон, пренесува Ројтерс.

Шапс, кој како министер за одбрана е во Киев за прв пат од почетокот на војната, разговарал со Зеленски за начините за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана, соопшти кабинетот на претседателот на Украина.

Оваа година, Британија испорача крстосувачки ракети „Storm Shadow“, што и овозможи на Украина да изврши удари со долг дострел на цели на територијата окупирана од Русија.

Loading...

Посетата беше ненајавена, вообичаена мерка за безбедност за време на војната, и не се знае точно кога Шапс се сретнал со Зеленски, според Ројтерс.

Шапс ја посети Украина порано за време на војната, но во претходното својство на британскиот министер за енергетика.

Минатиот месец тој го замени Бен Валас како секретар за одбрана и вети дека ќе ја продолжи поддршката на Обединетото Кралство за Украина.

Државната дистрибутивна мрежа на Украина „Укренерго“ вчера објави дека руските сили ја оштетиле термоцентралата на југот на земјата при последното гранатирање, но не се објавени попрецизни информации за локацијата на електраната или за степенот на штетата, пренесува Танјуг.

Наведената компанија не можеше да даде повеќе детали поради законските обврски за време на војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.