Столтенберг: Сојузниците во НАТО се согласија Украина да стане членка

Сподели со своите пријатели

Сите сојузници на НАТО се согласија Украина да стане членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, пренесува Sky news.

Loading...

Говорејќи пред состанокот на контакт групата за одбрана на Украина во базата Рамштајн во Германија, тој рече дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да „спречи понатамошни напади“.

Тој рече дека главниот фокус сега е да се осигура дека земјата ќе ја победи Русија.

Столтенберг вчера беше во ненадејна посета на Украина, првпат од почетокот на војната во таа земја.

„Да бидам јасен, Украина го заслужи своето место во евроатлантското семејство. Заслуженото место на Украина е во НАТО, а со текот на времето нашата поддршка ќе ви помогне да го овозможите тоа“, рече тој на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

Столтенберг вети дека НАТО ќе продолжи да испраќа воена помош за Украина, додавајќи дека членките на Алијансата досега обучиле десетици илјади украински војници и обезбедиле воена помош од 65 милијарди евра.

„НАТО стои со вас денес, утре и онолку долго колку што е потребно“, рече тој. За време на посетата на Киев, генералниот секретар на НАТО го покани Зеленски на самитот на Алијансата, кој во јули ќе се одржи во Вилнус.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...