Столтенберг: Никогаш не треба да се потценуваат Русите

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека не треба да се потценува силата на Русија во војната во Украина, нагласувајќи дека Русите успеале, меѓу другото, значително да ја зајакнат одбранбената линија за да ја одбијат „планираната контраофанзива“ на украинските војници.

Loading...

– Никогаш не треба да ги потценуваме Русите. Линијата на фронтот долго време е статична, руските сили успеаја да создадат значајни одбранбени линии – изјави Столтенберг за Си-Ен-Ен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.