Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска го осуди нападот на браната Нова Каховка, што, како што наведе, уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина и предупреди дека илјадници цивили се загрозени и предизвикана е штета на животната средина.
Loading...
„Ова е безобразен чин кој уште еднаш ја покажува суровоста на руската војна во Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса изјави и дека уништувањето на браната „ставува на ризик илјадници цивили и предизвикува сериозна штета на животната средина“, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.