Столтенберг: НАТО не е страна во конфликтот

Сподели со своите пријатели

НАТО не планира да распореди војници во Украина, изјави Јенс Столтенберг.

Loading...

Сепак, неговите забелешки беа во контраст со сугестиите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се соочи со остри реакции минатиот месец кога рече дека Западот „не може да ја исклучи“ испраќањето војници за да и помогне на Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

Столтенберг ја отфрли идејата веднаш по првата изјава на Макрон и ја повтори својата позиција во интервју за Ројтерс објавено во понеделникот, пренесува Раш тудеј.

„НАТО не планира да испрати војници во Украина, а НАТО не е страна во конфликтот, ниту пак НАТО сојузниците“, рече тој.

Столтенберг предупреди дека дури и ако поединечни членки одлучат да испратат војници во зоната на конфликтот, целото НАТО ќе биде погодено бидејќи неговите членки се обврзани со пактот за колективна одбрана.

На прашањето дали коментарите на Маркон во врска со немањето консензус за распоредување војници во Украина се грешка, Столтенберг не одговори директно, туку посочи дека се неопходни разговори.

„Мислам дека е важно да се консултираме и да имаме заеднички пристап кон овие важни теми бидејќи тие се важни за сите нас“, рече тој.

Голем број членки на НАТО ги отфрлија забелешките на Макрон, при што повеќето ветија дека нема да бидат на терен во Украина и сугерираа дека блокот треба да се фокусира на воена и финансиска помош за Киев.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.