Столтенберг: НАТО ја поддржува Украина во самоодбрана

Сподели со своите пријатели

На прославата на 40-годишнината од приемот на Шпанија во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ѝ дава клучна поддршка на Украина за да го оствари своето „право на самоодбрана, содржано во Повелбата на ОН“.

Loading...

Столтенберг во Мадрид изјави дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од сојузничката територија од каква било закана од која било насока, пренесува Ројтерс.

 

Германија подготвува резервен план ако Русија го прекине гасот

 

Тој изјави дека ескалацијата на конфликтот во Украина ќе го засени историскиот собир во Мадрид, додека украинските сили се борат да го задржат уништениот град Северодонецк во областа Луганск, во фокусот на офанзивата со која Москва се обидува да ја преземе контролата врз регионот Донбас.

„На собирот во Мадрид ќе трасираме пат за следната деценија, ќе ја ресетираме нашата стратегија за одвраќање и одбрана во поопасна глобална средина“, рече генералниот секретар на НАТО.

 

Loading...

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

 

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска зборуваше за поддршката на НАТО за Украина и рече дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите цели во Украина.

„Одлучната поддршка за Украина е единствениот начин да се осигураме дека Европа и светот што го изградивме имаат посигурна иднина“, рече Санчез на настанот по повод 40-годишнината од влегувањето на Шпанија во НАТО, пренесува Ројтерс.