Столтенберг: Наш приоритет е победата на Украина над Русија

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека приоритет на Алијансата е да ѝ помогне на Украина во војната со Русија.

Loading...

– Мораме да ја зајакнеме позицијата на Украина на бојното поле, така што исходот од оваа војна гарантира дека Украина преовладува како суверена независна нација и дека претседателот Путин нема да победи – рече Јенс Столтенберг за време на подкаст во живо со американскиот амбасадор во НАТО Џулиен Смит.

– Она што го знаеме е дека Украинците сега ги имаат капацитетите, оружјето, муницијата, а исто така и обуката што ја обезбедуваат сојузниците и партнерите во НАТО – рече тој, истакнувајќи дека Киев ги има капацитетите што му се потребни за да ја ослободи територијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.