Столтенберг: Кина пружа помош на Москва во инвазијата на Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Кина ѝ дава помош на Москва во руската инвазија на Украина.

Loading...

Кина испорачува опрема и технологија што ѝ овозможува на Русија да ги изгради ракетите, бомбите и авионите потребни за напад на Украина, изјави Столтенберг за новинарите за време на самитот на НАТО во Вашингтон.

Пекинг ѝ помага на Русија во нејзината агресија против Украина, рече Столтенберг.

– Русија ја нападна Украина, поради што Киев, врз основа на меѓународното право, има право да се брани. Ние ѝ помагаме на Украина да се одбрани, што вклучува напади врз цели на територијата на агресорот, рече Столтенберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави во Кина. Се урна мост, 11 загинати и 30 исчезнати (ВИДЕО)

Според него, НАТО не е учесник во конфликтот во Украина, туку му помага на Киев да се одбрани од руските напади.

Столтенберг рече дека нема прашање дали Украина ќе стане членка на алијансата, туку само кога тоа ќе се случи.

Сакаме Украина да влезе во НАТО и работиме на тоа, рече Столтенберг.

Тој изрази очекување дека Соединетите Американски Држави, без разлика на исходот од претседателските избори, ќе останат најважниот дел од НАТО.

Loading...

– Во интерес на САД е алијансата да биде силна, рече Столтенберг.

Според него, НАТО е добро за Европа, но и за САД.