Столтенберг: Истрагата е во тек, нема индикации дека станува збор за напад

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им се обрати на медиумите по падот на ракета во Полска и смртта на две лица.

Loading...

Ракетата паднала врз селото Пржеводов, во југоисточна Полска, недалеку од Украина, кое во вторникот претрпе тешки ракетни напади врз инфраструктурата.

– Истрагата е во тек и треба да се почека нејзиниот заклучок, но немаме индикации дека ова е резултат на напад. Нема индикации дека Русија планира воени дејствија против НАТО – рече тој.

Според прелиминарните анализи, тој тврди дека инцидентот најверојатно бил предизвикан од украинска противвоздушна ракета истрелана за одбрана на територијата на Украина од руски напади.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русите планираат нешто на југ

– Да бидам јасен, ова не е вина на Украина. Русија ја сноси крајната одговорност бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина – додаде тој.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...