Стјуардеса нудела „забава за возрасни“ на патниците за време и по летовите

Сподели со своите пријатели

„Бритиш ервејс“ ги испитува обвинувањата дека една нивна стјуардеса им понудила сексуални услуги и нејзината долна облека на патниците за време и помеѓу летовите.

Loading...

Нејзините фотографии на кои ги нуди своите услуги прво ги објавија британските медиуми, а на фотографиите јасно се гледа како позира во униформа во авион.

Патникот можел да ја купи и долната облека за само 33 долари. Во случај да сака да ја пречека во хотелот, потенцијалниот клиент ќе мора да плати двојно повеќе.

Откриено е и дека на патниците им била ветена „забава за возрасни“ доколку плаќаат колку што треба.

„Сè што треба да направите е да платите одредена сума пари и ќе добиете сосема поинакво искуство, според вашиот избор“, наводно напишала таа.

Откако беа објавени првите информации дека непозната стјуардеса користи работа во авиокомпанија за да ја унапреди својата работа од страна, „Бритиш ервејс“ објави дека започнале истрага за идентификување на мистериозната стјуардеса.

„Очекуваме највисоки стандарди на однесување од сите наши вработени и ги испитуваме овие тврдења“, изјавија од компанијата за „Фокс њуз“.

Leave a Reply