Стигна првата реакција на официјален Киев на денешниот говор на Путин за состојбата на нацијата, кој рускиот претседател го одржа пред рускиот парламент.
Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи и објави дека Путин „ја покажал својата збунетост и неважност“ во денешниот говор.
„Тој е во сосема друга реалност“
„Путин јавно ја покажа својата збунетост и неважност. Тој нагласи дека Руската Федерација е „заглавена“, но тој нема решенија и нема да ги има. Затоа што насекаде има нацисти, марсовци и теоретичари на заговор“, најави Подољак.
Подољак во кратката изјава за Ројтерс го коментираше говорот на Путин:
„Тој е во сосема поинаква реалност, во која нема можност за дијалог за правдата и меѓународното право“.
Putin publicly demonstrated his irrelevance and confusion. He stressed that RF is in “taiga deadlock”, has no promising solutions and won’t have any. Because everywhere there are “Nazis, Martians and conspiracy theories”…
Sic transit gloria mundi of Putin in RF’s parliament— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) February 21, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.