Стево Пендаровски со свое обраќање на дебата во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот сектор за меѓународна соработка, вчера во Куманово организираше панел дискусија по повод 9 Мај – Ден на Европа насловена како ”Интеграција на Република Македонија во Европска Унија преку економска и безбедна перспектива”. Свое обраќање до присутните имаа Проф. д-р Милева Ѓуровска како претсетадел на Европското движење Македонија, Проф. д-р Димитар Мирчев, Проф. д-р Стево Пендаровски и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Loading...

Панел дискусијата во Куманово ја отвори градоначалникот Дамјановски, кој во оваа прилика ја истакна важноста за интеграција на Македонија во Европска Унија, и отварање на границите како предуслов за развиена пазарна економија и општ просперитет на државата.

– Куманово е град каде се соединуваат двата Коридора, и се наоѓа на значајна стратешка точка. Патем, се работи за најголема локална самоуправа, некогаш индустриски гигант, но сега, поради блокади од централната власт, град во кој замре и индустријата, и град од кој нагло се иселуваат младите луѓе, истакна Дамјановски.

Професорот Димитар Мирчев од своја страна смета дека Грција е единствената пречка на македонскиот евроатлански пат, додека европските вредности меѓу кои се слободата на говор и независноста на судството се загрозени во Македонија, забележува професорот Пендаровски, додавајки дека евроскептицизмот во Унијата не може да се проектира на ситуацијата во Македонија.

– Во Македонија, генерално, не само помеѓу интелектуалната елита, туку и помеѓу обичните граѓани, се уште постои дилема за која некој смета дека сме ја разрешиле во 90′-тите, а тоа е дали се стремиме кон Запад, и дали треба да станеме членка на ЕУ, истакна Пендаровски.

Loading...

По излагањето на Пендаровски, професорот Димитар Мирчев нагласи дека на дебатата не треба да бидат изнесувани политички ставови, иако во неговиот говор, Мирчев на неколку наврати спомена дека благодарение на политиката која се води во Македонија во моментот, Македонија претставува држава – пример во регионот.

Leave a Reply