Стекови од коњ и од бизон на менито во МВР

Сподели со своите пријатели

Во Министерството за внатрешни работи на брифинг за новинари беа презентирани фактури и сметки од ручеци на УБК и на БЈБ. Од она што можеше да се види од направените фактури е дека челните луѓе на полицијата имале добар вкус за храна. Се јадело и пиело претежно во 4 елитни скопски ресторани: Интермецо, Театро, Воденица и Микеи, пишува агенцијата Макфакс.

Во МВР нарачувале равиоли со фазан што чинат 1.200 денари, дивеч во ловечки сос што чини, исто така, 1.200 денари, бифтек од дивеч што чини 5.000 денари, потоа карпачо од коњ 2.000 денари, стек од бизон 5.900 денари и стек од коњ 4.500 денари. Јаделе и елен во сос од вргањ што чини  1.200 денари. Сметката што ја направиле за еден ручек или вечера е 38.350 денари.

Повеќе прочитајте тука.