Стечајците повторно го блокираа влезот и излезот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановските стечајци денес по втор пат за една недела го блокираа излезот, односно влезот на Куманово во времетраење од ва часа, со цел да ја потсетат власта дека тие се најранливата категорија на оваа општество, но и да побараат исполнување на нивните права.

Ние не бараме нешто што не е возможно да се оствари бараме по 6.000 денари да имаме за лекови и за едно парче леб. Како што самите знаете Владата на Република Македонија, не поведе ред за оваа категорија на бивши вработени, иако имаме уставно право по член 32 да бидеме обештетни, туку на два наврати не делеше, така што не можеме да бидеме мирни зошто секој ден по еден до двајцата стечајни работници умираат и се разболуваат – вели Лилјана Георгиевска, претседател на здружението на стечајни работници „УНИТ“.

Нивните барања се на 52 години жените, а 55 мажите да добиваат по 6.000 денари месечно со 15 години стаж според законите, а исто така бараат стажот кој не им бил платен навремено да им биде исплатен.

Поддршка денес добија и од членовите на локалниот огранок на Левица од Куманово.

Голем срам, не само за властите, туку за целокупното општество, е што овие луѓе кои што се веќе во години, сеуште се малтретираат по улиците очајно барајќи го она кое им припаѓа. Апелираме до сите совесни граѓани од сите социјални групи да излезат и да ја поддржат борбата на стечајците. Бидејќи, неправдата што им се случува ним, утре може да се случи секому, доколку не се бориме за она што ни припаѓа и доколу не покажеме солидарност едни со други – велат од партијата.

Стечајните работници најавија отворена можност да ја блокираат патарината Куманово – Скопје, како и повеќе крстосници во центарот на Куманово, доколку надлежните и натаму останат глуви на нивните барања.

фото: Левица Куманово

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.