Стечајците на протест пред поранешниот „Монопол“

Сподели со своите пријатели

Поранешните вработени во Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски – Папучар“, а сегашни стечајци, утринава протестираа пред просториите на фабриката и уште еднаш потсетија на нивниот нерешен статус.

Loading...

Тие бараат државата да изнајде решение за нивниот пробле, затоа што какоо што истакнаа во периодот од 2004 до 2013 биле водени како работници на „Монопол“, а не им се исплатени ниту придонесите, ниту земале плата.

Десет години немам стаж. Во книшката ми пошува 29 години, а само 20 ми се исплатени. Зошто да не ни го исплатат стажот? Не сме ние виновни. Зошто не ни дадоа отказ кога комбинатот престана со работа – прашуваат стечајните работници.

Стечајниот управник на комбинатот излезе на средба со стечајците и истакна дека иако два пати фабриката е давана на продажба никој не појавил интерес да ја купи. Откако истио беше на продажба во јули и септември, неизвесно е дали повторно ќе биде понуден. Како што исатна упавителот Зоран Денковски се зависи од одлуката на судот.

Инаку со овој проблем се засегнати околу 35 стечајни работници, за кои е неопходно итно решавање на нивниот проблем.