„СТАТУС 6“ – Оружјето на Путин за крајот на светот (фото)

Сподели со своите пријатели

Тајни документи за нуклеарните подготовки на американската војска неодамна протекоа во јавноста и според нив, покажуваат дека администрацијата на Доналд Трамп е целосно уверена дека Русите градат опасно ново оружје кое би можело да предизвика огромна штета.

– Русите развиваат и градат нови нуклеарни боеви глави и лансери, пишува во тајните документи каде додаваат дека системот вклучува „ново интерконтинентално автономно торпедо вооружено со нуклеарна боева глава“.

Деталите за тој план забележани се во емисија на руската државна телевизија при преносот на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на воените родови уште во ноември 2015 година.

Снимките ги покажале плановите за подморницата која би можела да патува 1.000 километри со брзина од 100 чворови под вода и да детонира термонуклеарно оружје со мегатонска класа за да се создаде широко подрачје на радиоактивно онечистување.

 

Loading...

 

Подморницата е дизајнирана да уништи важни економски постројби на непријателите во крајбрежните подрчаја и да предизвика штета на копното со создавање широко подрачје на радиоактивни контаминации со што долгорочно се чини неупотреблива за воена, економска или друга активност, известува ВВС.

Од тогаш, многумина ја оспоруваат идејата дека Русија ќе гради таков систем. Сепак, нацртот на Трам за нуклеарните активности кои протекаоа во јавноста укажува дека американската влада на своите највисоки нивоа верува дека торпедото, познато како „океански повеќенаменски Статус-6 систем“, е реален.

СВЕТОТ НА РАБОТ ОД НУКЛЕАРНА ВОЈНА: Вака би изгледал конфлоктот помеѓу САД и Кореја (видео)

Џефри Левис, академик за нуклеарни прашање, Статус-6 го нарекол „Машината на Путин за крајот на светот“.

Не само што оружјето би можело да уништо огромно подрачје со сила потенцијално 100 пати поголема од бомбата која паднала врз Хиршима во 1945. година, туку може да остави и долгорочен радиоактивен отпад.

Левис оружјето го опишал како тотална и апсурдна лудост. Претходно за „Бизнис Инсајдер“ рекол дека идејата е длабоко неморална и дека САД никогаш не разгледувале градба на такво оружје за нуклеарниот арсенал.

 

 

Кога плановите за Статус-6 излегле во јавноста во 2015. година, Институтот „Брукингс“ нивната појава на телевизија ја окарактеризирал како покажување на воените можности, а не невнимателност на високите државни воени службеници.

За Русија Статус-6 не би имал смисол освен ако широката јавност не знае за него.

Со оглед дека Русија станува се поагресивна во својата надворешна политика, со држување помала војска од САД и НАТО, решија дека е време да го покажат своето оружје за крајот на светот.