Старите лица добро ја поднесуваат: Решена дилемата зошто втората доза на вакцината АстраЗенека се дава дури по 12 недели

Сподели со своите пријатели

Во Велика Британија досега 18 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќето ја примиле вакцината од АстраЗенека.

Loading...

Пулмолог и имунолог проф. Д-р Ратко Ѓукановиќ од Универзитетот во Саутемптон објаснува дека одложувањето на ревакцинацијата за 12 недели дава подобри резултати, бидејќи имунолошкиот систем има време подобро да се подготви за втората доза и дека тоа доведува до дуплирање на имунолошкиот одговор, што може да се процени со мерење на нивото на антитела.

 

 

Охрабрувачки резултати по пауза помеѓу дозите

Неодамна завршената студија во Шкотска покажа дека процесот на имунизација со вакцината АстраЗенека ја намали потребата за хоспитализација за 94 проценти. Покрај тоа, имунолошкиот одговор кај вакцинираните лица, доколку втората доза се даде по 12 недели, е двојно посилен од одговорот кога вакцината се дава по шест или помалку недели по првата доза, посочува проф. Д-р Ѓукановиќ, кој исто така учествува во студија за ефикасноста на лекот интерферон бета во борбата против вирусот САРС – CoV-2.

– Затоа беше одлучено во Велика Британија да се одложи втората доза за сите вакцини, вклучително и онаа што ја развија научниците од Оксфорд. Ова ни дава подобри резултати – можеме да вакцинираме поголем број на пациенти, но исто така можеме и подобро да ги заштитиме. На тој начин ќе спасиме многу повеќе луѓе, без страв дека паузата помеѓу првата и втората доза претставува ризик за пациентите – објаснува проф. Д-р Ѓукановиќ.

Loading...

Тој изјави дека вакцината АстраЗенека ја намалува инциденцата на тешки болести за кои е потребна хоспитализација, а тоа честопати се губи во анализи каде терминот ефикасност вклучува благи случаи на болест со благи симптоми, како што се треска, губење на чувство за мирис и вкус и малаксаност .

 

 

Нема несакани ефекти кај постарите лица и со добар имунолошки одговор

До денес, ниту една студија за вакцината АстраЗенека не покажа инфериорна ефикасност во споредба со другите вакцини. Во Велика Британија досега 18 милиони луѓе ја примиле првата доза, а повеќето ја примиле вакцината АстраЗенека. Тековната стапка на давање на првата доза е 320 000 на ден, што е одраз, објаснува професорот, и за интересите на граѓаните и за ефикасноста на јавниот здравствен систем во Велика Британија.

– Предност имаат стари лица, па се проценува дека досега 95% од популацијата постара од 70 години ја добиле првата доза, што е огромен успех. Постарите луѓе не треба да се плашат од вакцини. Студија објавена во светски познатиот Лансет во ноември минатата година покажа дека вакцината Оксфорд / АстраЗенека е добро толерирана од постарите лица во однос на несаканите ефекти што ги создаваат вакцините и што е многу важно, можноста за стимулирање на имунолошкиот одговор е независна на возраста – посочува проф. Д-р Ѓукановиќ.

Професорот немал можност да избере која вакцина ќе ја прими, бидејќи неговата болница ја примила вакцината Фајзер за своите здравствени работници. Тој нагласува дека не би се двоумел да прими каква било вакцина што е регистрирана. Тој вели дека многу негови пријатели и соседи примиле вакцина Астра Зенека и дека никој немал сериозен несакан ефект.

Loading...

– И мојата сопруга ја прими таа вакцина и имаше само лесна главоболка и можеби лесна треска. Моите деца исто така ќе примат вакцина АстраЗенек кога ќе дојде нивниот ред – вели тој за Танјуг.

 

Leave a Reply