Стари монети запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Стари монети биле откриени и запленети на Граничниот премин Табановце при обид скопјанец да ги внесе во Македонија.

Loading...

– Денеска (29.05.2023) во 02.00 часот на Граничниот премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости “ по чл. 266-б од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје,   биле пронајдени стари монети во различна големина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВИКЕНД ПРОГНОЗА ЗА КУМАНОВО: Ќе има ли дожд?

Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Никола Ивановски