СТАНУВАТЕ РАНО ЗА РАБОТА ИЛИ ШКОЛО? Ова е идеалното време кога треба да легнете

Сподели со своите пријатели

Ако треба да се разбудите во 7 часот постои точно време кога треба да заминете во кревет за да целиот ден бидете свежи и одморни.

Loading...

Доколку ги почитувате зададените термини можете да се наспиете и со само 4 и пол часа сон.

Дали некогаш ви се случило да во кревет да заминете многу рано за да се разбудите свежи и одморни за работа, а сепак се разбудите уморни?

Изгледа дека самите си го скратуваме одморањето со спиењето, колку и да звучи тоа контрадикторно.

Среќа за сите оние кои се пронашле во оваа реченица, па експертите креирале „дигитрон за спиење“, така да зависно од тоа кога треба да се разбудит еможете да пресметате кога точно треба и да си легнете.

Спиењето не треба да го сметате како активност од осум часа, туку како повеќе циклуси од 90 минути.

За време на тој циклус телото минува низ пет фази клучни за обнова, како што се лесен сон, длабок сон и РЕМ фаза во која сонуваме, па затоа добриот сон е најважно да го одреди вистинското време за одење на спиење и време за будење.

За да се разбудите одморни, будилникот морате да го подесите да ве разбуди на крајот од тој циклус. Кога спиете 8 или повеќе часа, а сепак се разбудите уморни тоа значи дека сте се разбудиле во средината на циклусот.

Loading...

Калкулаторот за спиење предвидува дека на луѓето им се потребни 14 минути да заспијат откако ќе заминат во кревет. Според тоа, ако вашиот аларм е наместен за 7 часот наутро во кревет треба да заминете во 21:46 часот.

Ако пак не стигнете тогаш, следниот термин за идеален сон е 23:16 часот. Но, некогаш сигурно ќе останете цела ноќ будни иако мора рано да станете. Според пресметката на експертите, ќе се чувствувате доволно свежи и ако легнете во 00:46 или во 2:16.

Ако треба да станете уште порано, пример во шест наутро, тогаш идеални термини за вас се 20:46, 22:16, 23:46 или ако навистина мора да останете касно тогаш 1:16.

Да се наспиете добро не значи во кревет да заминет епорано, туку во вистинско време, но и да се разбудите во вистинско време. С други зборови, може е да се наспиете и за 4 и пол часа.

Leave a Reply