Станал од масата неколку минути пред да му извршат аутопсија

Сподели со своите пријатели

Еден пациент во болница во Мумбаи, Индија се разбудил само неколку минути пред својата аутопсија. Имено, лекарите овој 45-годишен маж го прогласиле за мртов кога бил пронајден онесвестен на автобуската станица во родниот град, но всушност се испоставило дека тој боледувал од ушна инфекција и неухранетост.

Loading...

Наводно, лекарот Роган Рогекар на болничарите им рекол телото да го префрлат во мртвачница, иако тоа не било според парвилата на болницата. Имено, телата обично се оставаат два часа да се олада, затоа што секогаш постои некаква можност за оживување. Но, само што започнале да го припремаат овој Индиец за аутопсија приметиле дека стомакот му се помера нагоре-надолу.

Човекот се разбудил и во болницата настанала вистинска паника.

Лекарот Рохекар бил оптужен дека накнадно ја исцепал изјавата која ја потпишал дека пациентот починал, за да го уништи болничкиот извештај.

Целиот случај сега е во рацете на индиските полициски власти.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.