По серијата катастрофи, кинеската провинција Хебеј одлучи да затвори 32 стаклени мостови за посетителите.
Меѓу затворените атракции е и Хонгјагу, кој до неодамна го носеше титулата најдолг стаклен мост во светот, пренесува „Гардијан“.
Кинескиот стаклен мост започна да се „крши“ (видео)
Стаклените мостови се дизајнирани како футуристички чуда кои им овозможуваат на туристите да се чувствуваат како да летаат.
Сепак, растечката „опсесија“ во Кина со стаклените мостови би можела нагло да се прекине откако покраината реши да ги затвори сите стаклени мостови за туристите по серијата катастрофи.
Хебеј, живописна планинска провинција во северо-источна Кина, ги затвори сите мостови, пешачки патеки и платформи за планинско надгледување во тишина, пренесува Гардијан.
„Стаклен мост“ на височина од 1.400 метри (фото)
Меѓу затворените атракции е и стаклениот мост Хонгдијагу, кој до неодамна ја носеше титулата најдолг стаклен мост во светот. Структурата на мостот е долга 488 метри и се протега помеѓу две стрмни карпи.Таа е поплочена со повеќе од илјада стаклени панели.
Стаклената патека Ist Taihang, која е позната по тоа што предизвикува специјален ефект со кршење на стаклото кога ќе се застане на него е исто така е затворена во таа провинција.
Одлуката за затворање на десетици мостови доаѓа по серија несреќи, вклучувајќи најмалку две жртви, низ цела Кина, ставајќи ја во опасност безбедноста на стаклените структури.
Кинезите со чекан го тестираат најголемиот стаклен мост во светот (видео)
Во провинцијата Гуангкси, еден човек загина кога за време на спуст поради дождот, најпрвин удрил, а потоа и паднал преку заштитната ограда.
Кинеската влада затоа ги повика одговорните да извршат сеопфатни безбедносни проверки на стаклените структури, кои ги има околу 2.300.