Српските „Ураганки“ го рушат Јутјуб: Рекоред број на прегледи за помалку од 24 часа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Атрактивните Ксенија Кнежевиќ, Ивана Николиќ и Сања Вучиќ го бранат знамето на Србија на годинашната Евровизија како група „Hurricane“, настапија под бројот 9 и ја „запалија“ Арената во Ротердам.

Loading...

Покрај заводливата гардероба, српските претставнички го „запалија“ студиото со енергичен и врел танц што придонесе за настапот кој заврши со громогласен аплауз од публиката и другите присутни натпреварувачи, а на социјалните мрежи набрзо се појавија бројни реакции.

 

 

Покрај домашната публика, поддршка дадоа и странци, како и соседи од регионот, а кога станува збор за други перформанси, се забележува дека убавите девојки од Србија, судејќи според прегледите на Јутјуб, се едни од омилените!

Имено, за само 22 минути над 300 илјади луѓе го следеа настапот на српските претставнички на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб, што е за 10-20 пати повеќе од другите снимки, а бројот на прегледи драстично расте од секунда во секунда. Во моментов за помалку од 24 часа нивниот настап брои нешто повеќе од 2.2 милиони прегледи.

 

Loading...

 

Потсетуваме, освен Србија, вчера место во финалето обезбедија: Албанија, Бугарија, Молдавија, Сан Марино, Финска, Грција, Швајцарија, Исланд и Португалија.

Балканот е горд на овие девојки!

 

Leave a Reply