Српската заедница во Куманово ќе ја одбележи годишнината од НАТО бомбардирањето врз Србија

Сподели со своите пријатели

Огранокот на Српската заедница во македонија и Демоктратската партија на Србите во Македонија во четврток ќе ја одбележат годишнината од почетокот на НАТО бомбардирањето на тогашната Сојузна Република Југославија.

Во 10 часот симболично со палење свеќи во цркавата „Света Троица“ во Куманово ќе им одадат почит на жртвите кои трагично ги загубија своите животи во воздушните нападите кои 78 дена без престан беа упатени кон српското тло.

Во тогашните напади во 1999 година животот го загубија 3.500 цивили на тогашната Сојузна Република Југославија, а скоро целата земја беше претворена во прав и пепел од бомбите со збогатен ураниум кои НАТО сојузниците на чело со САД ги фрлаа од српското небо.