Средствата од „Куманизам-Хуманизам“ доделени на девет семејства од социјален ризик

Сподели со своите пријатели

Средставата кои што ги собра бизнис заедницата од Куманово на хуманитарниот настан „Куманизам-Хуманизам“ се распределни на девет семејства од социјален ризик од Куманово. Граѓанскиот Центар АктивУм кој го органиизраше настанот , информираше дека комисија составена од претставници на бизнис заедницата, граѓанскиот центар и општина Куманово одлучила да ги додели средствата за лекување на две малолетни деца, а за останатите седум семејства кои живеат во екстремно тешки услови  подготвени се  пакети со храна и хигиенски средства.

Loading...

Бизнис заедницата од Куманово ја покажа својата хуманост на настанот „Куманизам-Хуманизам“, кој се одржа во Занаетчискиот дом во организација на  Граѓанскиот  центар АктивУм, во рамки на проектот, #Култура за Куманово #Куманово за култура. Бизнис заедницата на  настанот ја покажа својата општетствена одоговорност во локалната заедница во која дејствува, донирајќи средства за најранливите категории граѓани преку котизација за учество, аукција на слики и фотографии и директни донации. На настанот покрај претставниците од бизнис заедницата присуствуваа и претставници на јавни Институции од градот, Градоначалникот Максим Димитриевски како и претседателката на советот Атина Мургашанска.

-Голема благодарност до сите фирми од Куманово и претставници на јавни институции кои учествуваа, донираа и покажаа дека кумановци секогаш се тука едни за други и дека општествената одговорност е вредност која се негува и развива во Куманово. Целта на донаторскиот настан беше да се мобилизира локалната бизнис заедница во афирмација на

општествената одговорност и филантропија како локална културна вредност и поддршка на девет

семејства во ризик, идентификувани преку локални партнери на терен: Црвен Крст Куманово, Ромска организација на жени Даја и локални граѓани. -велат од здружението.

Од АктивУм се надеваат  дека Куманизам=Хуманизам ќе остане традиција во Куманово и дека интересот кај бизнис заедницата за овој настан наредната година ќе биде поголем а бенефит ќе имаат поголем број на семејства во социјален ризик.

Loading...

Проектот #Култура за Куманово#Куманово за култура, имплементиран од Граѓански Центар Активум Куманово, поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а ко-финансирана од Општина Куманово.

Leave a Reply