Средношколски Пленум: Ова ли е екстерното тестирање кое го ветуваше Адеми? (видео)

Сподели со своите пријатели

На четвртиот ден од спроведувањето на  екстерното тестирање во основните и средните училишта, не стивнуваат реакциите од сите грешки и недоследности.

Денеска во име на  Средношколскиот пленум се огласи Александар Милевски,  тврдејќи дека една од најлошите реформи во образованието е токму екстерното тестирање.

Loading...

– Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат процесот и оваа година. До Средношколскот пленум се пристигнати голем број поплаки од многу средношколци кои се однесуваат на технички пропусти и нерегуларности. На пример се појавува прашање на албански јазик а одговорите се дадени на македонски јазик, во друг случај, прашањето е на албански јазик, има еден одговор на англиски, а два одговори воопшто нема, вели Милевски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.