Средба по 29 години: Кога и починале двајцата браќа го пронашла третиот кој бил посвоен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Брат и сестра од Орегон биле разделени 29 години, а сега прв пат се сретнале лице в лице. Анмари Сингер имала 15 години кога мајката и ја открила семејната тајна.

Loading...

– Пронајдов писмо кое го напишав на агенцијата за усвојување во кое стоеше: „Дајте му го ова писмо кога ќе му кажете“, рекла Анамари.

Нејзиното семејство е сиромашно. Мајката била самохран родител и работела две работи за да обезбеди храна за неа и двајцата браќа, па не може да поднесе трошоци за уште едно дете.

– Во писмото исто така стоеше дека не сакала да префрли повеќе одговорност на мене затоа што веќе ги чував двете помали братчиња, рекла Анмари.

Таа тогаш не можела да разбере зошто мајка и се откажува од својот најмлад син, од своето четврто дете.

– Многу години тоа го доживував како неправда, како да требаше да ме праша, раскажува таа.

Loading...

Кога нејзините двајца браќа починале, таа одлучила да го побара третиот. Пред две години ја објавила својата потрага на групата на Фејсбук чија цел е поврзување на улѓе со посвоени членови од семејството. Се што имала била фотографија која неговите посвоители ја дале на семејството заедно со првото име.

– Година и осум месеци подоцна некој рече дека потрагата е завршена и чудо се случило, вели Анмари.

Нејзиниот брат Кристијан Силвас (29) вели дека бил шокиран. Тој живеел со новото семејството во јужниот дел на Калифорнија.

– Не ме изненади само нејзината порака. Не ни знаев дека сум посвоен. Дури кога се завршивме ги прашав родителите дали тоа е вистина и потврдија, вели Кристијан.

По повеќе недели од поврзувањето на социјалните мрежи, братот и сестрата конечно договориле средба во куќата на Анмари во Сентрал Поинт. Нивната биолошка мајка исто така сакала да присуствува.

– Последен пат кога го видов имаше само едвај месец дена, рекла мајката Ди Милер.

Таа додава дека жената коај го посвоила Кристијан ја известувала низ текот на годините за неговиот живот.

– Сакав подобар живот за него и преку фотографии и работите кои ми ги испраќаше таа, видов дека сум донела вистинска одлука, вели Милер.

Loading...

Децении подоцна, братот и сестрата сега сакаат да го надополнат изгубеното време. Кристијан ќе престојува кај Анмари до крајот на неделата, а планот е да ги прегледаат сите стари семејни фотографии и да разменат животни искуства.

Leave a Reply