Средба на градоначалникот Димитриевски и министерот Музафер Бајрам (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот Максим Димитриевси денеска во просториите на општината оствари работна средба со Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, а на средбата присуствуваше и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Самка Ибраимовски.

Loading...

На средбата, како што информираше Димитриевски, се разговараше за темите кои се однесуваат на граѓаните од ромската заедница.

– За можни инвестиции и што тоа може централната власт да направи во делот на директна помош на Општина Куманово за потенцијални инвестиции за овие делови од градот кои во котинутитет се инфраструктурно запосетавени. Нотиравме дека се соочуваме со сериозни административни проблеми, особно проблеми во делот на непостоење на соодветна урбанистичка документација, бидејќи се работи за населби кои се претежно изградени на зелени површини, неплански градени и кои генерираат денеска дополнителни проблеми, а сепак таму живеат луѓе и мора да се решаваат проблемите, изјави Димитриевски.

На средбата, како што додаде кумановскиот градоначалник се разговарало и за капитални инвестиции во 2020 година за планирањето на Владата, особено за можноста за реализација на проектот за реконструкција на постоечката инфраструтура во кумановската населба Средорек, односно реконструкција на постоечката канализациска и улична инфраструктура.

Leave a Reply