Средба на чевларите со општинските институции во Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска во организација на Општина Куманово,  Локален економско-социјален совет и Одделение за локален економски развој, се одржа состанок со претставници на чевларските компании од нашиот град. 

Loading...

Целтта на средбата, како што информираат од Општина Куманово, беше разгледување на актуелната состојба во чевларската индустрија во Куманово и изнаоѓање на можни и реални насоки и решенија.

– На средбата присуствуваше Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски, кој ја поздрави иницијативата за одржување на ваков состанок, како и предлогот за формирање на Комисија, составена од претставници од чевларска индустрија, која ќе биде дел од ЛЕСС, стои во соопштението од Општина Куманово.

Марија Димитријевска, раководител на Центарот за вработување-Куманово го презентираше оперативниот план со активна програма, мерки за вработување и услуги на пазар на труд за 2020 година.

Leave a Reply