Србин продава курвиметар, знаете некој кому му е потребен?

Сподели со своите пријатели

Веруваме дека кај поголемиот дел од вас проработе оној валканиот дел од фантазијата кога го прочитавте зборот курвиметар, но се работи за една, некогаш одамна, доста корисна справа. 

Курвиметарот служи за мерење на кривите линии на мапите.

Називот го добила од латинскиот збор curvus, што значи крива линија. Составен е од преносен механизам, скала и стрелка. Може да има неколку скали на разни размери, како пример 1:50000.

При употреба, курвиметарот се доведува на ознаката о. Потоа тркалцето го водите по кривата линија чија должин сакате да ја измерите, а на скалата потоа се чита должината на патот.

Цената на половен курвиметар на огласите во Србија е 700 динари, а некој се обидува да ја продаде.

 

Loading...