Србин измисли градник што ги зголемува градите (фото)

Сподели со своите пријатели

Откако неговата девојка рекла дека би сакала да има поголеми гради, тој веднаш започнал да истражува алтернативни решенија за зголемување на градите, а да се избегнат хирушките зафати.

Loading...

Милан Милиќ (30) е од Лазаревац, Република Србија и тој е изумител на градник кој вибрира и на тој начин може да ги зголемите женските гради за еден број без пластични операции и овој градник моментално се тестира во Америка. Неговиот изум го носи името „Е бра“.

„Неговиот градник“, доколку ги помине сериозните и строги тестирања, би можел да помогне на голем број жени да имаат малку поголемо деколте, а да не одат на операција. Милан тврди дека овој негов изум ги зголемува градите и ги приближува една кон друга за само една недела.

Градникот веќе е тестиран на неколку жени во Европа, а патентиран е преку интернет. До сега има забележано „неверојани резултати“. Во САД на едно тестирање во Мајами, кое го надгледува специјалист, доктор Мајкл Салцхауер, на Сабрина Молинар (49) од Флорида и се зголемиле градите за еден број, откако го носила градникот на Милан 15 минути дневно, седум дена по ред. Сабрина вели дека тоа зголемување има врска со градникот, без влијание на други фактори.

grudnjak-670x678

И студентката Андрена од Мајами се согласува со Сабрина. Таа градникот го тестирала во мај и потврдила дека работи исправно. Како наведува таа, нема никакви негативни влијанија, а истото го потврдил и докторот специјалист. Тој побарал ригорозно клиничко тестирање со кое жените би биле темелно надгледувани.

grudnjak1-670x432

Она што Милан го открил е дека вибрациите во градникот ја зголемуваат циркулацијата на крвта, додека за технологијата која ја користел не сака да зборува, ниту принципот на кој работи се додека не се појави истиот на полиците во продавниците.

Loading...
  • Процесот е природен. Кога го истраживме човековото тело, смисливме начин да ги зголемиме и градите со манипулација на телото, односно манипулација на ткивото и мускулите. Не сакам да откривам детали, затоа што допрва ќе ги добијам патентите и ќе основам своја фирма. Процесот не е болен, ема штетна радијација, затоа што се е здрави и сигурно за околината – вели Милан.

Милан сеуште го усовршува својот изум, затоа што го истражува процесот кој трае. За цената се уште нема одлучено. Неговата девојка Јелена, која како што велат прва го испробала градникот уште пред две години, е задоволна од резуталтите.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.