Србија прогласи тридневна жалост

Сподели со своите пријатели

Владата на Србија донесе одлука да прогласи тридневна жалост поради трагичниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Loading...

Конференцијата започна со едноминутно молчење.

На конференцијата пред медиумите и јавноста се обратија министерот за образование Бранко Ружиќ, министерката за здравство Даница Грујичиќ и претставникот на МВР.

Министерот за образование изјави дека во име на Министерството изразува најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија.

– Во трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“, животот за жал го загубија осум деца како и еден чувар, додека повредените ученици и наставничката се хоспитализирани“, изјави Ружиќ.

Ова е брутален чин, изјави Ружиќ и додаде дека целото училиште било под видео надзор. Присутен бил и училишниот полицаец, рече тој.

Според него, шест деца и една наставничка се хоспитализирани.

„Ние сме им благодарни на здравствените работници, наставниците во училиштето, како и на тимот психолози кои беа поканети да им пружат соодветна поддршка на родителите и учениците во овој трауматичен период што претстои“, рече Ружиќ.

Loading...

Донесена одлука: Тридневна жалост

„Владата донесе одлука да прогласи тридневна жалост, а наставата во попладневната смена е прекината. Од утре наставата започнува со едноминутно молчење“, рече министерот за образование.

Тој посочи и дека е извршен разговор со премиерката Ана Брнабиќ, како и дека за се ќе се консултира претседателот на Србија за да се излезе со поадекватна слика.

„Апелот е да им се дозволи на семејствата на починатите да ги испратат своите мртви на мир“, рече Ружиќ.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ изјави дека нема начин да се вратат настраданите деца.

Две момчиња кои се сместени во Тиршово се надвор од животна опасност, додека третото девојче е во критична состојба бидејќи се здобило со прострелна рана во главата.

Прострелни рани добиле и децата кои се наоѓаат во Ургентниот центар, а најкритично е момчето со повеќе прострелни рани меѓу кои и на петтиот и шестиот пршлен.

Наставникот по историја, кој исто така беше застрелан, е критичен.

„Со 40 години работен стаж и по деведесетите кога гледавме се, ова е можеби моето најлошо искуство“, рече видно потресената министерка за здравство која изрази длабоко сочувство до сите семејства чии деца беа убиени.

Loading...

Таа рече и дека Институтот за ментално здравје ќе организира два телефонски броја на кои ќе можат да се јават сите на кои им е потребна помош, а веднаш да бидат примени сите оние кои сакаат.

Објавен е целосниот идентитет на ученикот кој го пукаше

Веселин Милиќ, началник на полициското одделение на град Белград, изјави дека помошникот директор повикал полиција, по што веднаш била испратена полиција.

После тоа анонимно лице се јавило во полиција и се претставило како Коста Кецмановиќ.