Спречена кражба на возило во Куманово преполно девизи и денари

Сподели со своите пријатели

Како што соопштува СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, во 22.00 часот во ПС Куманово,  А.К. (31) од Куманово пријавила дека истиот ден околу 22.00 часот од ул. „Бранко Богдански Гуцман“, непознат сторител одзел ПМВ „БМВ“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на И.М. (33) од Битола.

По кажување на А.К,  во предната фиока пред совозачкото седиште имало оставено 12.000 евра и 55.000 денари во разни апоени, сообраќајна дозвола од возилото и паричник на таткото на пријавителката.

На 21.02.2016 година во 22.50 часот во Скопје на ул.„4-ти Јули“, од страна на припадниците на „Алфа“ сопрено е ПМВ „БМВ“ со исти регистарски ознаки како што пријавила А.К. , управувано од С.Т. (29) од Битола.

Возилото и возачот се однесени во ПС Ѓорче Петров за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.