Спречен обид за шверцување на 13 мигранти од Пакистан

Сподели со своите пријатели

Полициските службеници спречиле обид за шверцување на 13 економски мигранти по потекло од Пакистан, при што е приведен и шверцерот по потекло од скопското село Блаце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Вчера околу 13.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај тунелите во Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но на дадениот знак, возачот не застанал и продолжил со движењето. Полициските службеници успеале да го пресретнат возилото во близина на селото Криволак, при што во него биле пронајдени 13 мигранти од Пакистан, а на околу 1.000 метри од возилото бил фатен и возачот А.Ф. (26) од с.Блаце, скопско.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, кој дал насока на македонскиот државјанин да му биде поднесе кривична пријава, а мигрантите да бидат сместени во Прифатен центар за странци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.