Спречен обид за шверц на златен накит вреден 30.000 евра на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Царинските службеници од граничен премин Табановце, завчера (31.01.2018 година), спречија обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу 30 илјади евра, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Имено, на 31 јануари 2018 годинa, на граничен премин Табановце, царинските службеници извршиле претрес на лицето Т.М. – македонски државјанин пријавен за влез во Република Македонија. При претресот, во предниот лев и десен џеб од јакната која лицето ја носело на себе, царинските службеници пронајдоа непријавен златен накит (употребуван), две лири и употребуван рачен часовник ROLEX-TUDOR, завиткани и врзани во чорапи.

 

Loading...

 

Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.

Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа презедоа предистражни мерки и активности и утврдено е дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.

Против осомничениот до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово каде му е изречена мерка претпазливост – одземање на патна исправа.