Спречен обид за шверц на стари монети и скоро 12.000 евра на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце денеска бил спречен обид за шверц на стари монети и девизи во изност од 11.800 евра.

Loading...

– Денеска (31.08.2022) во 00.25 часот,  полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода З.Т.(53) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

При пасошка контрола било констатирано дека евидира на стоп листа од Регионалниот центар за гранични работи Југ, по што, со судска наредба, во содејство со царински службеници бил извршен преглед во возилото „мерцедес“ со холандски национални ознаки, кое го управувал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стан и лифт опожарени во Куманово

Притоа, во возилото биле пронајдени и одземени 23 различни стари монети и 11.800 евра. 

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Никола Ивановски