Спречен обид за шверц на милиони динари и илјадници евра на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриле една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено биле задржани  девизи, влекач со полуприколка, облека, храна за птици и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 2,37 милиони српски динари биле откриени при контрола на српски автомобил и личен претрес на возачот, српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во фиоката за документи, во фабричка преграда помеѓу предните седишта и во рачна торбичка на возачот биле пронајдени вкупно 3,57 милиони динари од кои согласно законските прописи му биле вратени 1,2 милиони динари-протввредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Остатокот од 2,37 милиони динари се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

index

 

Девизи во износ од 3.800 евра,биле  откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на италијански државјанин, кој управувајќи италијански автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Патникот пријавил дека со себе носи 4.000 евра, но во неговата торбичка биле пронајдени 13.800 евра за кои не поседувал документ за потекло или потврда за внесени готови пари издадена од царинските органи на Република Македонија, при влез во државата. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.