Спречен обид за шверц на 43 мигранти од Бангладеш низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречи обид за шверц на 43 лица мигранти од Бангладеш низ кумановско.

Loading...

– На 22.02.2020 околу 21.40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода Б.Д.(29) од Скопје кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти, информираат од полицијата.

Како што појаснуваат. по превземените активности полициски службеници во реонот на с.Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш коишто биле превезувани во возилото.

– Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, додаваат од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply