Заврши санацијата на кровната конструкција на спортската сала во Куманово, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.
Реконструкцијата се спроведуваше преку проект од програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој од 2020 година со учество на општина Куманово.
За проектот беше потпишан договор за градба, средствата во вредност од 23 милиони 430 илјади денари се обезбедени преку програмата, а општината учествува со 830.000 денари, соопштија претходно надлежните од Центарот за развој на североисточниот плански регион.
– Следува обнова и реновирање на внатрешниот дел од салата. Го враќаме сјајот на сите објекти значајни за Куманово и кумановци – напиша Димитриевски.
Спортската сала ќе се реконструира и внатре. Распишан е втор јавен повик за избор на компанија за реконструкција на трибините и подот на објектот. Салата ќе се реконструира постепено, предвидено е и партерно уредување и затоплување.
Спортската сала е еден од четирите големи објекти кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово.
По кровот, ќе следува реконструкција на трибините и подот во Спортската сала (ФОТО+ВИДЕО)