По кровот, ќе следува реконструкција на трибините и подот во Спортската сала (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во завршна фаза влегува првиот дел од реконструкцијата на Спортската сала во Куманово, а во меѓувреме привршува и тендерската постапка за внатрешна реконструкција на храмот на спортот.

Loading...

Вториот дел од реконструкцијата ќе биде во внатрешноста на објектот, информираше вчера градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој појасни дека во оваа фаза ќе се реконструираат трибините и подот.

– Распишавме повик за набавка на нов под во спортската сала и опремување и реконструкција на трибинскиот и подтрибинскиот простор. Претходната постапка за жал пропадна поради превисоки понудени цени од страна на понудувачите и бевме приморани да ја прекинеме постапката и обновиме бидејќи очекуваме дека ќе се јават поголем број на конкурентски фирми. До овој момент можам да кажам дека се пријавени три фирми, а како ќе тече постапката ќе видиме, изјави Димитриевски.

 

 

Тешко е во овој момент да се каже кога објектот би добил целосно нов лик и би бил пуштен во употреба. Како што вели Димитриевски, желбите се едно, а можностите и реалноста сосема друго.

 

Loading...

 

Сепак тој изрази надеж дека комплетната реконструкција ќе биде завршена до следниот 11 Ноември.

– Нѐ очекуваат поголем број на фази, завршување целосно на кровниот покривач, внатршено уредување, дополнително странично и партерно уредување и секако една од најскапите ставки во проектот, а тоа е ставката на ладење и греење која ќе бара сериозни финансиски средства и во моментов не би сакал да шпекулирам. Желбите се едно, а реалноста и можностите се нешто друго и ќе зависат и од годишниот буџет на Општина Куманово, изјави Димитриевски.

 

 

Според градоначалникот во период од една и пол година откако спортските објекти беа вратени во владение на локалната самоуправа, направено е многу со сопствени средства.

Loading...

– Средствата кои се вложени во моментов во спортската сала се средства кои согласно законот за регионален и рамномерен развој припаѓаат на Општина Куманово и наместо тие средства да ги инвестираме во намена за развој на други активности во регионот ги насочивме во изградба и реконструкција на оваа спортска сала која сакаме да добие регионален карактер, вели градоначалникот.

 

 

Спортската сала во Куманово моментално се покрива со сендвич панели, кои се огноотпорни и се користат во современите стандарди при покривање на ваков тип спортски објекти.

Реконструкцијата на кровот чини 320.000 евра, средства обезбедени преку проект на Североисточниот плански регион, а учеството на Општина Куманово е скромно со околу десет илјади евра.

 

Loading...

 

Стариот покрив на објектот е изграден од бакар и азбетни плочи. Бидејќи азбест е канцероген материјал истиот ќе биде уништен, додека бакарот има пазарна вредност и истиот најверојатно ќе се продаде.

Димитриевски вчера истакна дека бакарот уредно се складира во самиот објект, се држи под клучи и Советот подоцна ќе треба да донесе одлука тој материјал да биде продаден и средствата да се реинвестираат.

– Истиот е уредно складиран во самиот објект на спортската сала во специјални палети. Тежината се евидентира на дневна основа, се држи под клуч и во моментот кога ќе биде завршена целата постапка ќе биде информиран Советот кој ќе донесе одлука за продажба на истиот овој материјал кој што има одредена пазарна вредност и средствата од таа продажба ќе се реинвестираат во реконструкцијата во самиот објект, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Инаку, овој спортски објект изграден во шеесетите години на минатиот век е граден со средства од самодопринос на граѓаните на Куманово и компанијата „Искра“. Со децении беше место на голем број спортски случувања, во својата историја пречекал големи спортски имиња.

 

 

Loading...

Своевремено беше даден под приватна концесија и поради недоволно инвестирање објектот почна да пропаѓа. Најпрвин кровот, трибините па и самиот паркет по што федерациите го означија како небезбеден и забранија прволигашите таму да играат било какви натпреварувања.

 

 

Општината не можеше да инвестира во Спортската сала се додека Владата не ги раскина концесиите и го врати во владениот овој објект на локалната самоуправа, но уништен од забот на времето и недоволната грижа за него.

Loading...

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски