Споменици на УЧК „никнаа“ во Танушевци и Малино маало за 8ми септември

Сподели со своите пријатели

На Денот на независноста, 8 Септември, ДУИ во селата Танушевци и Малино Маало поставила неколку споменици на УЧК покрај самиот пат а еден од нив се наоѓа на само 50 метри пред полициската станица во Танушевци, дознава Либертас.

Loading...

Како што додава порталот на поставувањето присуствувале и високи функционери на ДУИ како и вработени лица од МВР, па и сами полицајци кои работат во полициската станица Танушевци, во цивил.

Овој настан не беше одбележан во медиумите, а за него досега немало коментар од македонската владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ, коалицискиот партнер на ДУИ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.