Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева од денес почнуваат со работа

Сподели со своите пријатели

Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија кое ќе го предводи Катица Јанева од денес започнува со својата дејност.

Loading...

Првичните 14 јавни обвинители се намалени на бројка од 12, а како што вели Јанева таква одлука е донесена врз претходен заеднички постигнат договор измеѓу неа и Советот на обвинители.

Јанева заедно со Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, како и Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи од денес ќе работат на истражување на случајот со прислушкуваните материјали и автентичноста на содржината од истите.

Инаку не е исклучена можноста по затворање на овој случај Катица Јанева да ги превземе и останатите нерасветлени контроверзни случаи, меѓу кои и случајот од Диво Насеље.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.