Спасовски вечерва со двоен настап на 24 Вести и Алсат – М

Сподели со своите пријатели

Новоназначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека вечерва ќе има двоен телевизиски настап, и тоа на 24 вести во дебатната емисија ”24 Aнализа”, како и на ”360 степени” на АЛСАТ – М.

Loading...

Гостин во студиото на АЛСАТ – М ќе биде и новинарот на ФОКУС, Љубиша Арсиќ, кој неодамна во магазинот ја објави сторијата за наводниот скандал со печатење на фалсификувани лични карти, и тоа на две тајни локации во скопско Шуто Оризари и во Штип, каде биле изработени повеќе десетици илјади примероци, а „Фокус“ имал увид во 105 примероци, од кои објавува замаглени фотографии.

Настапот на Спасовски на каналот 24 Вести започнува во 21 часот, додека час и половина подоцна на ” 360 Степени” на Алсат-М.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.