Спасовски: Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со  неговиот чешки  колега, министерот за внатрешни работи на Чешка Милан Хованец, денеска го посетија Прифатниот центар „Винојуг“ и чешкиот полициски контингент лоциран на јужната граница.

Спасовски истакна благодарност за помошта од Република Чешка во процесот на справување со бегалската криза и им оддаде признание на македонските полициски службеници кои се наоѓаат на јужната граница и помагаат да се препроди бегалската криза која добива на интензитет.

Очекуваме дека ќе има мудра и соодведтна одлука на Европската Унија, на земјите членки на Европската Унија заради тоа што ние не можеме да бидеме решение сами по себе на овој проблем, заради тоа што не сме ниту извор на проблемот. Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот, и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците, за да можат таму да остануваат. Секое друго решение коешто се бара на оваа рута не е решение – рече Спасовски.

Министерот додаде дека Македонија ќе прима онолку бегалци колку што ќе можат да бидат примени во земјите од западно-балканската рута, пред се Србија и Хрватска и ги повика земјите од рутата да се придржуваа на заклучоците донесени на сите претходни состаноци.

Ние сме должни да обезбедиме хуман третман на луѓето коишто бараат заштита во Република Македонија и транзит, меѓутоа исто така, треба да обезбедиме и стабилност и безбедност на граѓаните на Република Македонија. Од тоа начело не можеме да остапиме во ниту еден момент. Македонија направи многу за оваа бегалска криза, благодарам на сите што ни помогнаа во овој дел, пред се на Чешката Република, на Вишеградската група , на земјите на Европската Унија и очекувам дека таа соработка и комуникација ќе продолжи и понатаму за доброто на сите нас, за доброто на Македонија и за доброто на сите држави – вели Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи.

Спасовски истакна дека Македонија ќе ги почитува одлуките на Европската Унија, но исто така ќе се штити и безбедносниот систем на нашата држава.