Спасовски на работилница на тема „Пет години од имплементација на Законот за укажувачи”

Сподели со своите пријатели

Денеска, (18.05.2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М), Слаѓана Тасева, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, Славица Грковска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска, Народниот правобранител Насер Зибери, претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, лицето одговорно за внатрешно и надворешно пријавување на укажувачи во ДКСК Ирена Поповска, учествуваше и се обрати на работилница на тема „Пет години од имплементацијата на Законот за заштита на укажувачи“.

Loading...

Целта на оваа работилницата беше понатамошно влијание врз соодветна практична имплементација на законодавството за укажувачи преку обезбедување на континуитет во соработката со соодветните институции, подигање на свеста кај граѓаните и ажурирање на интерактивната веб -платформа за укажувачи во борбата против корупцијата, во организација на ТИ-М, а во рамки на проектот „Застапување на имплементација на законодавство за укажувачите во Република Северна Македонија“, поддржан од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Во воведниот дел од работилницата претседателот на ТИ-М, Слаѓана Тасева, даде осврт на подготовката на законот и подзаконските акти и стави акцент на значењето на неговото донесување, додека заменик претседателот на Владата, Славица Грковска, ја прикажа улогата на Владата како извршна власт во имплементацијата на овој закон. Претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска, како една од институциите задолжени за имплементација на овој закон го прикажа искуството кое тие го имаат во изминатите години. Како дополнување на ова министерот Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи, како една од четирите институции задолжени за надворешно пријавување ги презентираше своите наоди од имплементацијата на Законот за укажувачи во пракса и во делот на надворешното и на внатрешното пријавување.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека ова претставува еден од новите и важни легислативни механизми во зголемување на ефикасноста во рамки на спроведувањето на законите, односно поефикасно детектирање, расветлување и процесуирање на сите облици незаконски дејства, особено оние покрупните – посложените облици на криминал, како што е организираниот криминал и корупцијата. „Од донесувањето на овој Закон наваму МВР ги направи сите неопходни чекори и обврски за негова реална операционализација, како на рамниште на постоење на соодветните подзаконски акти, така и на рамниште на негова организациона функционалност,” рече Спасовски.

Имено, покрај Правилникот за заштитено внатрешно пријавување, Правилникот за насоки на донесување на внатрешни акти за заштитено внатрешно пријавување, како и Правилникот за надворешно пријавување, при крајот на 2016 година беше донесено Упатство за начинот на постапување за заштитено внатрешно и надворешно пријавување во Министерството, интерен пропис со кој е уредена и целосно разработена постапката за заштитено внатрешно и надворешно пријавување во Министерството, а следствено на тоа беше и назначено овластено лице за прием на овие пријави. Дополнително на ова, од неодамна имаме и ажурирана и интерактивната веб платформа развиена од Државната комисија за спречување на корупција за укажувачи со овозможен пристап на назначеното овластено лице од МВР за прием на пријави заради заштитено внатрешно и надворешно пријавување, со што уште еднаш ги потврдуваме нашите заеднички заложби и соработката на меѓуинституционално ниво во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Спасовски нагласи дека и покрај низата преземени активности во поглед на примената на Законот, се уште не можеме да констатираме дека оваа норматива во целост ја оправда посакуваната цел, независно што навремено одговоривме на сите структурни претпоставки за негова конкретна примена.

„Сметам дека за ефикасна примена на Законот за заштита на укажувачите значително влијание има потребата од негово уште поблиско претставување на севкупната јавност, нејзино анимирање од бенефитите што овој Закон ги носи.

Не случајно во сферата на работата на Министерството за внатрешни работи, Одделението за превенција и интегритет при Оделот за внатрешна контрола во рамки на Програмата за јакнење на полицискиот интегритет во изминатиот период посвети особено внимание на информирањето и приближувањето на законот до вработените опфаќајќи ги сите полициските службеници од сите СВР-а и од Граничната полиција како примарни таргет групи на таа превентивно-едукативна програма”, го заокружи своето обраќање министерот Спасовски.

Loading...