SpaceX испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Сподели со своите пријатели

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Loading...

Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.

По фазата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земја, а првата етапа од ракетата веќе е искористена во девет лансирања, пренесува Танјуг.

 

Зошто Илон Маск лансира илјадници сателити во вселената?

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.

Loading...

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАС С.