Советот за безбедност во четврток за нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Првиот заменик постојан претставник на Русија во Обединетите нации Дмитриј Полјански го потврди барањето на Москва да се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН на 11 август на кој ќе се разговара за прашањето за нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Loading...

„Потврдувам. Побаравме состанок за украинското гранатирање на нуклеарната централа Запорожје. Ова прашање бара детална дискусија со нашите колеги од Советот за безбедност. Украинските провокации не смеат да бидат скриени од јавноста“, напиша рускиот функционер на неговиот Телеграм канал, коментирајќи ги информациите што претходно ги објави анонимен извор во Обединетите нации, пренесува ТАС С.

Во март 2022 година, руските сили го зазедоа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со 70 отсто од нејзиниот капацитет.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.

Руската воено-цивилна управа на Енергодар, каде што се наоѓа нуклеарната централа, објави дека „на 7 август режимот на Киев истрелал ракета Ураган од 220 мм со касетна боева глава, чии делови ги оштетиле административните згради и околната територија на складиштето“, и дека пред тоа, украинската армија го бомбардирала Запорожје на 5 и 6 август.

Русија очекува генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да преземе чекори за да овозможи посета на претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нуклеарната централа во Запорожје, објави претставникот на руското Министерство за неширење и контрола на оружјето, Игор Вишневски.

Амбасадорот на Украина во МААЕ, Евгениј Цимбаљук, во понеделникот изјави дека руските сили сакале да предизвикаат затемнување во јужна Украина со гранатирање на нејзиниот нуклеарен комплекс во Запорожје.

Тој, исто така, ја покани МААЕ да го посети објектот во Запорожје овој месец.

Loading...

Планот на проруските власти е дел од електричната енергија произведена во централата Запорожје да се насочи кон Крим, соопшти ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.