Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи последната седница во овој состав

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10:00 часот во големата сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 61ва седница, која воедно ќе биде и последна во овој состав со оглед дека за помалку од една недела стартува изборната кампања за локалните избори.

Loading...

На дневен ред ќе се најдат шест точки, меѓу кои и точка за доделување финансиска помош на семејствата кои загубија свои членови во пожарот во тетовската модуларна ковид болница.

Во продолжение целосниот дневен ред:

1. Предлог – Одлука за давање на финансиска помош од Буџетот на Општина Куманово на семејствата на починатите во трагичниот пожар во мобилната Ковид болница во Тетово;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2021 – 30.06.2021 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

4. Годишен извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово за учебната 2020-2021 година;

5. Годишна програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ – Куманово 2021-2022 година;

Loading...

6. Предлог – Одлука за основање на младински центар во Oпштина Куманово.