Советниците на опозицијата ќе бараат ново идејно решение за крстосницата кај Митев мост (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес излезе повторно на прес конференција на која, Драган Петковски, првиот човек на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата ќе поднесат иницијатива за ново идејно решение за крстосницата помеѓу булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“.

Општинскиот комитет ќе дродолжи редовно да ве потсетува на вашите обврски како градоначалник, исто така ќе реагира и до СДСМ како партија чии кадри со децении управуваат со Општина Куманово – рече Петковски.

Тој посочи дека повикани од граѓанит ќе продолжат да алармираат за овој проблем и ќе достават иницијатива до Советот на Општина Куманово, а притоа повторно обвинувајќи го градоначалникот Зоран Дамјановски дека сообраќајниот хаос е по негова вина.

Зошто и покрај вашето тврдење дека работите на проблемот, надминувањето на истиот е многу далеку? Како најповикан за овој проблем, 11 години ги убедувате граѓаните во нешто во што и самите не верувате – додава Петковски.

Со иницијативата која ќе ја поднесат се надеваат дека ќе се реши, како што нагласија, една од многуте горливи точки.