Совети за родителите: Како треба да го користите клима уредот ако патувате со деца?

Сподели со своите пријатели

Ако имате мало дете и планирате да патувате на одмор со автомобили кои имаат клима, има некои работи на кои треба да обрнете внимание.

Loading...

Иако децата се доста чувствителни, многу малку е потребно за да настинат.

И, тоа е дефинитивно нешто што сакате да го избегнете на одмор.

Исто така, родителите често не обрнуваат внимание на тоа дали го користат клима уредот на вистински начин додека возат со своите малечки. Меѓутоа, ако следите одредени правила, ќе можете да уживате во безбедно возење во автомобил со клима.

 

 

Оладете го автомобилот пред да возите

Loading...

Првиот совет е да обрнете внимание на тоа каде ќе го паркирате вашиот автомобил за време на жешките летни денови. Советот е секогаш да го оставате под сенка, и доколку не сте во можност да го направите тоа, задолжително разладете го автомобилот со клима уред пред да донесете дете.

Умерени температури

На децата им е дозволено да останат во ладна просторија, но само доколку разликата во температурата надвор и внатре не е голема. Истото важи и за автомобилот. Се препорачува разликата во температурата да не надминува 3-5 степени.

Прилагодете го воздухот да дува нагоре

Во никој случај не дозволувајте климата да дува директно во вашето дете – настинката е загарантирана. Советот е да ја прилагодите климата да дува нагоре, но исто така треба да се грижите за правецот во кој ќе отскокне студениот воздух за да не биде повторно насочен кон детето.

Користете одвлажнување

Ако користите клима уред во возилото, тогаш направете го тоа умерено. Меѓутоа, ако е премногу жешко во возилото, прво изладете го просторот, а потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалување на влажноста, температурата од 26, 27 степени ќе биде поднослива.

 

Loading...

Leave a Reply