Совет за родителите: Зборувајте им на децата за емпатијата

Сподели со своите пријатели

Важно е родителите со децата да разговараат за емпатијата, затоа што само така тие можат да израснат во сочувствителни суштества, гласи пораката на психологот Лори Деј.

Loading...

Таа, од сопственото родителско искуство, зборува за значењето на разговорот со децата за тоа како живеат луѓето ширум светот.

– Кога детето ќе го учите на емпатија, му давате голем дар, како малите луѓе научат да ги почитуваат туѓите чувства и зошто е тоа важно. Навистина би требало да кренеме генерација деца со многу повеќе сочуствување. Вистина е дека нечии најголемо потешкотии некаде другде не ги негираат нашите сопствени, но многу родители нависитна се трудат да ги научат децата да бидат хумани и да им помагаат на оние на кои тоа им е потребно. Ги водат во јавни кујни и ги охрабруваат да прават штандови на кои ќе продаваат лимонада само за да соберат пари за жртвите од временските непогоди. Од време на време некој на социјалните мрежи дели таква приказна за детето кое сака да го промени светот, а јас сум сигурна дека тоа подоцна и ќе се случи, вели др. Деј.

Leave a Reply